ЦЕНАТА НА БИТКОИНОТ НАДMИНА 103.000 ДОЛАРИ Кои се причините за растот?
Цената на оваа криптовалута се зголеми за повеќе од 6% во последните седум дена, што повеќето аналитичари го поврзуваат со напредокот на трговските преговори на САД со други земји.
Цената на биткоинот скокна над 100.000 долари за прв пат од февруари, откако беше објавен трговскиот договор меѓу САД и Велика Британија во кој има одредби за соработка во доменот на дигиталните средства и како резултат на одлуката за создавање резерви на биткоин во некои американски држави.
Според податоците од CoinMarketCap, цената на биткоинот моментално е 103.032 долари. Цената на оваа криптовалута се зголеми за повеќе од 6% во последните седум дена, што повеќето аналитичари го поврзуваат со напредокот на трговските преговори на САД со други земји.
Биткоинот не се тргувал над 100.000 долари од 7 февруари. Вредноста на најголемата криптовалута во светот се зголеми за повеќе од 9% оваа година, но сепак е под рекордно високиот износ од 109.026 долари достигнат на 19 јануари.
Според аналитичарите, главна причина за овој скок е одлуката на САД да ги воведат таканаречените „стратешки резерви на биткоин“. Покрај тоа, големите инвестициски фондови и банки низ светот ги зголемуваат своите удели во Биткоинот, бидејќи сè повеќе го гледаат како „дигитално злато“.
Во последните недели, милијарди долари се инвестирани преку специјализирани финансиски производи (т.н. ETF) кои ја следат цената на Биткоинот, дополнително зголемувајќи ја неговата вредност.
И некои американски држави, како што се Аризона и Орегон, почнаа да донесуваат закони што им дозволуваат на државните институции да користат и складираат криптовалути.
Дополнително, објавувањето на трговскиот договор меѓу САД и Велика Британија, кој вклучува одредби за соработка во доменот на дигиталните средства, дополнително го зголеми оптимизмот на пазарот.