Целосно вакцинираните немаат потреба од трета доза на вакцина, велат американските научници

Ширењето на делта сојот на корона, прв пат откриен во Индија, ја продлабочи дилемата дали вакцините обезбедуваат доволна заштита од оваа позаразна мутација.

539

Американските здравствени власти по состанокот со претставниците на компанијата Фајзер изјавија дека американските граѓани кои биле целосно вакцинирани против коронавирусот не мора да примаат трета доза од вакцината.

Фајзер минатата недела изјави дека планира да побара одобрување од американските регулатори за дополнителна доза на вакцина, заснована врз докази за зголемен ризик од инфекција шест месеци по имунизацијата, но и поради ширењето на делта сојот на вирусот ковид-19, пренесува Ројтерс.






Компанијата вели дека Фајзер и администрацијата на САД го споделуваат верувањето дека е потребно секогаш да се биде пред вирусот и потврдуваат дека има договор со американската администрација дека научните податоци диктираат кои следни чекори ќе бидат преземени.

Ширењето на делта сојот на корона, прв пат откриен во Индија, ја продлабочи дилемата дали вакцините обезбедуваат доволна заштита од оваа позаразна мутација.

Поврзани содржини