ЦЕЛОСНО Е ЗАПРЕН СООБРАЌАЈОТ ДЕМИР КАПИЈА – СМОКВИЦА Укината е забраната на патот Прилеп – Македонски Брод

Остануваат да важат забраните на останатите превои и гранични премини.

770

Од 15.50 часот целосно во прекин е сообраќајот на патниот правец А1 Демир Капија – Смоквица и сообраќајот ќе се пренасочува по алтернативниот патен правец Р 1102, информираат од ЈП Македонијпат.

Укинат се забраните за тешки товарни моторни возила  на патот Прилеп-Македонски Брод(премин Барбарос) и за тешки товарни возила со носивост поголема од 7,5 тона на граничниот премин Делчево кон Бугарија.






Остануваат да важат забраните на останатите превои и гранични премини.

Сообраќајот се одвива во зимски услови по влажни коловози со остатоци од кашест снег.

 

 

Поврзани содржини