ЦЕЛИОТ СВЕТ ВО СТРАВ Кинезите открија мутиран вид на корона кој има стопроцентна смртност
Наводно, новиот вид на вирусот „GX_P2V“ ги нападнал белите дробови, очите, трахеите и мозокот на глувците, предизвикувајќи смрт многу брзо. Во деновите пред смртта, тие ослабеа, имаа згрчени движења, беа слаби.
Кинеските власти пронајдоа мутиран вид на коронавирус, познат како „GX_P2V“, кој предизвикува 100 процентна смртност кај глувците, според студијата објавена во Пекинг.
– Студијата го покажува ризикот од пренесување на „GX_P2V“ на луѓето и обезбедува уникатен модел за разбирање на патогените механизми на вирусите поврзани со САРС-КоВ-2 – напишаа авторите.
Три години пред пандемијата, поточно во 2017-та година, беше откриен „GX/2017“, кој беше наречен „роднина“ на коронавирусот, а овој нов вид сега ја претставува неговата мутирана верзија. Глувците заразени со „GX/2017“ умирале во просек осум дена по примањето на вирусот, додека смртта на новиот вид е нешто побрза.
Наводно, новиот вид на вирусот „GX_P2V“ ги нападнал белите дробови, очите, трахеите и мозокот на глувците, предизвикувајќи смрт многу брзо. Во деновите пред смртта, тие ослабеа, имаа згрчени движења, беа слаби.
Како што објави „Њујорк пост“, нивните очи целосно побелеле ден пред смртта.
Според истражувачите, оваа студија, за разлика од другите кои се занимаваат со ковид-19, пријавила на јавноста 100% смртност кај глувците заразени со вирусот, надминувајќи ги претходно објавените резултати од други студии, според истражувачите.
За жал, се вели, резултатите од студијата не покажуваат јасно како вирусот би влијаел на луѓето.
Фансоа Балу, експерт за епидемиологија на Институтот за генетика на Универзитетот во Лондон, го критикуваше истражувањето како „ужасно“ и „научно целосно бесмислено“.
– Не гледам ништо интересно да се научи од насилно инфицирање на чудна раса хуманизирани глувци со случаен вирус. Од друга страна, можев да видам како таквите работи лесно можат да тргнат наопаку – напиша професорот на социјалната мрежа Х, додавајќи дека во документот не е прецизирано нивото на биосигурност и мерките на претпазливост користени во истражувањето.
Ричард Х. Ебрајт, професор по хемија и хемиска биологија на Универзитетот Ругер, ја повтори загриженоста на Балук со коментарот „Се согласувам“.
– Ова лудило мора да се прекине пред да биде предоцна – напиша д-р Генадиј Глински, пензиониран професор по медицина на Стенфорд.
Претпоставката е дека оваа студија од 2024 година нема врска со кинескиот институт за вирологија Вухан, кој беше во центарот на теориите за истекување на вируси поврзани со пандемијата ковид-19.