Царовска: Воведуваме кариерен развој, наставниците ќе бидат наградувани наместо казнувани

Направивме истражување со 4.160 наставници. Има добар потенцијал, но со години нивното достоинство се газело. Им биле давани матрици. Тој што ќе излезе од кутијата или рамката, бил казнуван, рече министерката за образование во емисијата „Клик плус“.

483

Mинистерката за образование, Мила Царовска, вечерва во „Клик Плус“ објасни дека во образованието се воведува т.н. кариерен развој. Односно, како што рече, тие што ќе се истакнат со поразлична содржина, кои што ќе создадат дополнителен наставен материјал, ќе напредуваат. Таа напомена дека во минатото на наставниците им биле давани матрици, и тие што ќе излезеле од рамката, биле казнувани.

– Направивме истражување со 4.160 наставници. Има добар потенцијал, но со години нивното достоинство се газело. Им биле давани матрици. Тој што ќе излезе од кутијата или рамката, бил казнуван. За разлика од светот, тој наставник кој ќе се истакне со поразлична содржина, бил наградуван и расте – вели Царовска која објасни за кариерниот развој.






– Сега го воведуваме кариерниот развој. Тоа значи дека тој што знае да создаде дополнителен наставен материјал, кој оди на обуки, кој сознава нови алатки, може да аплицира за наставник ментор, па потоа и за наставник советник. Да биде потоа награден и да биде пример за другите – рече Царовска која рече дека до пред некое време сè било уништено, и дека училиштата се гледаа како место каде се држеа на кратко ланче партиски гласачи.

Поврзани содржини