БУРА ГО ПАРАЛИЗИРА АЕРОДРОМОТ ВО ЗАГРЕБ Невремето соборува дрвја во Србија

Според хрватските медиуми, некои авиони се обиделе да слетаат во Загреб, но поради силниот ветер од безбедносни причини се откажале од слетувањето.

820

Невремето и силниот ветер денеска привремено го запреа авиосообраќајот на најголемиот аеродром во Хрватска, Загреб. Шест авиони попладнево кружеа околу небото над Карловац дваесетина минути. Според хрватските медиуми, некои од нив се обиделе и да слетаат, но поради силниот ветер од безбедносни причини се откажале од слетувањето.

Неколку линии, пак, доцнеа повеќе од 40 минути. Поради лошото време можни се одложувања и откажувања на летовите до крајот на денот.






Летот од Рим бил пренасочен кон Виена, додека авионот од Амстердам го откажал слетувањето и се упатил кон Трст. Ненадејна промена на дестинацијата им се случи и на патниците од Истанбул кои завршија во Будимпешта.

Големо невреме денеска има и во Србија. Републичкиот Хидрометеоролошки завод вечерва издаде уште едно предупредување дека во текот на вечерта и ноќеска се очекуваат врнежи со грмежи и засилен ветер.

Најавено е дека зоната на врнежи ќе се движи кон другите делови на Србија во вечерните часови и во текот на ноќта кон петок, придружени со заладување и засилен северозападен ветер.

Невремето утре се очекува и во Македонија.

Поврзани содржини