🎥 БУНТ НА УБАВИЦИТЕ Колешките ја поддржаа Мис Мексико откако беше навредена од претседателот на организацијата

За време на официјалната церемонија на доделување на лентите, претседателот на натпреварот, Навато Ицарагрисил ја навреди 25-годишната Фатима Бош, Мис Универзум Мексико и ја нарече глупава, што доведе до протест на дел од останатите учеснички кои заедно со неа ја напуштија салата

639

Организацијата „Мис Универзум“ се соочува со уште еден скандал пред својот 74-ти годишен избор за убавина, пишува „Ју-ес-еј Тудеј“.

Организацијата презема мерки за контрола на штетата по широката осуда за тоа како беше третирана 25-годишната Фатима Бош, Мис Универзум Мексико, за време на церемонијата пред доделувањето на лентите, во Тајланд, кадешто се одржува овој натпревар.






За време на незгодниот говор пред учесничките на „Мис Универзум“, кој беше емитуван во живо на 4 ноември на Фејсбук страницата на „Мис Универзум Тајланд“, Нават Ицарагрисил ја критикуваше Бош за наводно неисполнување на обврската за натпреварот, ја критикуваше за објаснувањето на ситуацијата и ја нарече „глупава“. Неколкуминутната препирка заврши со тоа што Ицарагрисил побара обезбедувањето да ја отстрани убавицата од настанот.

Ицарагрисил, тајландски бизнисмен, е претседател на „Мис Гранд Интернешнл“, како и потпретседател за Азија и Океанија во рамките на Организацијата „Мис Универзум“.

– Само сакам да ѝ дадам до знаење на мојата земја, не се плашам да го искажам мојот глас. Тука е посилен од кога било –  рече Бош на шпански јазик во клип од интервјуто споделен од @miss.ardor.

– Имам цел; имам што да кажам. Ние сме во 21 век, а јас не сум кукла за шминкање, стилизирање и пресоблекување. Дојдов тука да бидам глас на сите жени и сите девојки кои се борат за кауза и да ѝ кажам на мојата земја дека сум целосно посветена на тоа – рече убавицата.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Fatima Bosch (@fatimaboschfdz)

Грубиот однос на потпретседателот на организацијата „Мис Универзум“ за Азија и Океанија и претседателот на натпреварот „Мис Гранд Интернешнл“ не ја налути само убавицата на Мексико, туку и другите натпреварувачки, кои ја напуштија салата заедно со Фатима Бош во знак на поддршка.

Моментот кога десетици модели станаа и ја напуштија просторијата брзо стана вирален, а многумина го нарекоа „најмоќниот чин во историјата на Мис Универзум“.

Организацијата објави видео на 4 ноември во кое претседателот Раул Роча Канту остро ги критикува „злонамерните акти“ на Ицарагрисил против Бош.

– Би сакал јасно да го искажам мојот голем гнев кон Нават за јавната агресија што ја изврши против Фатима Бош – рече Канту, истакнувајќи дека Ицарагрисил „понижил, навредил и покажал недостаток на почит, покрај сериозната злоупотреба со тоа што повикал обезбедување за да заплаши беспомошна жена, обидувајќи се да ја замолчи и исклучи“.

Поврзани содржини