БУГАРСКИТЕ ФИЛОЛОЗИ ДЕНЕС ЗБОРУВАЛЕ „ВИСТИНА“ ВО ЕВРОПАРЛАМЕНТОТ Македонскиот јазик е бугарски, до 1944 година историјата е заедничка, нема докази за одвоено постоење…
Настанот воопшто не бил на официјалната агенда на Европарламентот, а негов организатор бил Ангел Џамбаски. На крајот тој изјавил дека ова е само прв од серијата на вакви настани за прикажување на „Вистината за Македонија”.
Македонскиот јазик е „книжевна норма која произлегува од бугарскиот”, „до 1944 година Бугарија и Северна Македонија имаале заедничка историја и „не постојат историски извори за одвоено етничко македонско постоење до 20-от век”, jави дописникот на МИА.
Ова се само дел од тезите кои денеска група бугарски историчари и филолози пред речиси празна сала ги изнесоа во Европскиот парламент жалејќи се дека „Грција ја блокираше Македонија 28 години, а никому не му беше грижа”, а сега кога Бугарија го прави истото таа е „прикажана како негативец”.