Бугарски дописник на „Њујорк Тајмс“ во 1903 година пишувал за убиството на Македонецот Гоце Делчев (ФОТО)

Гоце Делчев имал 32 години и бил школски учител кој што развил организација на целата територија на Македонија, јавува бугарскиот дописник од „Њујорк Тајмс“.

1,152

Како што може да се види од оригиналната фотографија, веста е објавена во најпознатиот американски весник „Њујорк Тајмс“ на 26 мај 1903-та година (вторник).

Весникот го именува Гоце Делчев  како Македонец и македонски лидер, а сето тоа било напишано од бугарски дописник на „Њујорк Тајмс“ од Софија, Бугарија, пренесува Канал5.

Инаку во веста пишува дека Гоце Делчев со уште неколку свои придружници бил во селото Баница во близина на Серeс и дека биле предадени од Грчки шпион.

Откако турската војска го опколила селото, сите придружници на Гоце Делчев, вклучувајќи го и тој самиот, биле убиени.

Гоце Делчев имал 32 години и бил школски учител кој што развил организација на целата територија на Македонија, јавува бугарскиот дописник од „Њујорк Тајмс“.

Ваквиот напис во американскиот медиум го искористи и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, кој утрово на Фејсбук упати низа обвинувања до премиерот Зоран Заев.

„1903 година Њу Јорк Тајмс по повод смртта на Гоце Делчев објавува: убиен е македонскиот лидер. 117 години подоцна заглавени помеѓу приказните за тоа дека бугарите сакале да бидат татковци, братучеди и браќа, Заев ја губи државата. Ако цената е себеодрекување, тогаш одговорот треба да е напуштање на договорот на Заев со источниот сосед и прекин на преговорите“, се вели во Фејсбук статусот на опозицискиот лидер.

Поврзани содржини