„БУЈАР ПРИЗНА ДЕКА ВОДЕЛ ЗАТКУЛИСНИ ПРЕГОВОРИ СО БУГАРИТЕ СО ДОЗВОЛА НА СДСМ“ Македонија е понижена, а интеграциите далечни, обвини ВМРО-ДПМНЕ
Токму Османи е симболот на приватизацијата на државните институции за партиски и лични интереси на ДУИ. Тој, заедно со целата врхушка на ДУИ, две децении ја користеше државата како приватна сопственост за криминал, корупција и богатење на грбот на сите граѓани, обвини ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение.
Со своето писмо, Бујар Османи директно призна дека водел заткулисни преговори за етнички прашања за Македонците, со дозвола од СДСМ. Тоа е најсилен доказ за теснопартиското тргување со државните интереси, далеку од очите на јавноста и без легитимен мандат од граѓаните, обвини ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение.
„А што имаме ние од признанието на Бујар Османи денес? Македонија понижена, а европските интеграции никогаш подалеку. Единствениот пат што го избрале СДСМ и Бујар е патот на понижување на Македонците. СДСМ го одобриле, а Бујар го спровел. Нема поголемо лицемерие од тоа Бујар Османи да зборува за државни интереси. Токму Османи е симболот на приватизацијата на државните институции за партиски и лични интереси на ДУИ. Тој, заедно со целата врхушка на ДУИ, две децении ја користеше државата како приватна сопственост за криминал, корупција и богатење на грбот на сите граѓани. Преговорите за етнички прашања што ги водел Османи биле тајни, без знаење на јавноста, во функција на теснопартиските интереси на ДУИ, а не за доброто на државата. Доколку навистина имал дозвола од институциите, прашуваме: од кои институции? Од сопартијците во Владата што ја водеше најкриминалната гарнитура во историјата на Македонија? Од Заев и од Ковачевски? Тоа не е државен мандат. Тоа е мафијашка дозвола за тргување со иднината на Македонија“, реагираше ВМРО-ДПМНЕ.
Што се однесува до обвинувањата за „омаловажување на Албанците”, ВМРО-ДПМНЕ со гордост ја афирмира еднаквоста на сите граѓани без разлика на етничката припадност. Ние се бориме против криминалците од ДУИ, а не против Албанците. Османи и ДУИ се тие кои ги злоупотребуваат Албанците како алиби за својата корупција и криминал.
„Бујар Османи треба да знае дека времето на приватизација на државата заврши. Македонија е на сите нејзини граѓани. Таа не е ниту на ДУИ, ниту на Османи, ниту на Заев, ниту на мафијата што ја ограбуваше со години. Македонија ќе биде праведна држава за сите, без разлика на верата и етничката припадност, но и држава во која криминалците ќе одговараат. Вистината е на наша страна. А вистината е дека Бујар Османи и неговата криминално-олигархиска дружина се минато“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.