БУЈАР ОСМАНИ ЈА СКРШИЛ РАКАТА Се лизнал на кошарка со младите од ДУИ
Паднав сега во текот на кампања, игравме кошарка со младите од ДУИ во Гази Баба. Се лизнав. На спортски натпревар се лизнав на бетонот и ја скршив раката - рече Османи.
Министерот за надворешни работи Бујар Османи ја скршил раката за време на кампања. Тој во гостувањето во „Само интервју“ откри дека паднал на партија баскет со младите од ДУИ во Гази Баба.
– Паднав сега во текот на кампања, игравме кошарка со младите од ДУИ во Гази Баба. Се лизнав. На спортски натпревар се лизнав на бетонот и ја скршив раката – рече Османи.