Брз воз стана болница: Вака Французите ги превезуваат болните со Ковид-19 (ВИДЕО)

Францускиот министер за здравство Оливие Веран изјави дека „TGV“ возот-болница е првиот од ваков вид во Европа.

985

Пред неколку дена, во Франција започна првата организирана евакуација на пациентите со коронавирусот со специјално медицински опремениот брз воз „TGV“ од особено погодениот исток на земјата до болници на запад, соопштија новинарите.

Францускиот министер за здравство Оливие Веран изјави дека „TGV“ возот-болница е првиот од ваков вид во Европа.






Првите пациенти се пренесени во возот околу 8:30 часот утринава. Од раните утрински часови, првите амбулантни возила пристигнале на железничката станица во Стразбур, главниот град на регионот Алзас, кој е особено погоден од епидемијата.

Дваесет тешко болни пациенти треба да бидат пренесени од Стразбур во болници на запад во градовите Анже, Ле Ман, Нант и други. Тие се распоредени во пет вагони претворени во еден вид одделение за интензивна нега, а во секој вагон има медицински тим составен од анестезиолог, интернист, болничар-анестезиолог и три болничари.

Вкупно 50 членови на медицински и логистички персонал учествува во оваа акција.

Поврзани содржини