БРУНО ФЕРНАНДЕШ ГО НАПУШТА МАНЧЕСТЕР ЈУНАЈТЕД Саудијците нудат неверојатни 115 милиони евра за Португалецот

Понуда што не се одбива, Ал Хилал подготвува рекорден трансфер од 115 милиони евра за капитенот на Манчестер Јунајтед.

168

Капитенот на Манчестер Јунајтед, Бруно Фернандеш, би можел да го напушти клубот по завршувањето на сезоната, откако премиерлигашот е подготвен да го продаде во Саудиска Арабија за неверојатни 115 милиони евра, пренесуваат англиските медиуми.

Според информациите, најголем интерес за португалскиот плејмејкер покажува Ал Хилал, клуб кој е подготвен да му понуди плата од 800.000 евра неделно, што е двојно повеќе од тоа што моментално го заработува на „Олд Трафорд“.






Иако ова лето Фернандеш ја одби понудата и остана верен на Јунајтед, неговата одлука би можела да се промени поради слабите резултати на тимот. „Црвените ѓаволи“ се наоѓаат на 14. место во Премиер лигата со само седум освоени бодови од можни осумнаесет.

Договорот на 29-годишниот португалец со Манчестер Јунајтед трае до летото 2027 година, но понудата од Блискиот Исток се смета за „предобра за да се одбие“.

Фернандеш е еден од најважните фудбалери на клубот во последните сезони, со 298 одиграни натпревари, 100 постигнати голови и 86 асистенции откако пристигна во 2020 година од Спортинг Лисабон.

Доколку трансферот се реализира, Бруно Фернандеш ќе стане еден од најплатените фудбалери во светот, а Манчестер Јунајтед би добил значителна финансиска инјекција за летниот преоден рок.

Поврзани содржини