БРОНЗА ЗА КИРИЛ И ЗА КРИСТИЈАН НА ЕВРОПСКИОТ КВИЗ ЗА ПАРИ Тимот од Австрија го освои првото место, а среброто го освои екипата на Чешка

Квизот го тестираше знаењето на учесниците за критичните финансиски теми за тинејџерите, вклучувајќи долгорочно планирање, стратегии за штедење, разбирање на криптовалути, свесност за сајбер безбедноста и одговорно управување со кредитите.

123

Учениците Кирил Китевски и Кристијан Лазароски од СОУ „Цар Самоил” од Ресен, под менторство на професорката Дијана Ѓоргиевска го освоија третото место на финалето на Европскиот квиз за пари 2024 година, кое се одржа во Брисел, во организаација на Европската банкарска федерација (ЕБФ).

Овогодинешниот Европски квиз за пари забележа рекорден одѕив, при што приближно 36.000 тинејџери од 2.200 училишта учествуваа во националните натпревари низ Европа.






Тимот од Австрија го освои првото место, додека второпласирана беше екипата од Чешка.

Квизот го тестираше знаењето на учесниците за критичните финансиски теми за тинејџерите, вклучувајќи долгорочно планирање, стратегии за штедење, разбирање на криптовалути, свесност за сајбер безбедноста и одговорно управување со кредитите.

На натпреварот учествуваа вкупно 26 земји: Албанија, Австрија, Чешка, Естонија, Финска, Германија, Грција, Унгарија, Исланд, Ирска, Италија, Латвија, Лихтенштајн, Литванија, Луксембург, Малта, Норвешка, Полска, Португалија, Република Северна Македонија, Романија, Србија, Словачка, Словенија, Шпанија и Украина.

Поврзани содржини