Бројот на заразени во Австрија надминува 2.000 лица, воведени се построги гранични контроли
И покрај драстичните мерки, бројот на пациенти во Австрија се зголемува за 25 проценти секој ден. И натаму како жариште на заразата е во алпската провинција Тирол.
Во четвртокот навечер, бројот на заболени од Ковид-19 сега е 2013 лица и продолжува да расте со двоцифрена бројка на ден. Од нив, шест беа фатални, а девет се опоравени, соопштија властите.
Бројот на пациенти не престанува да расте и покрај фактот дека повеќето луѓе остануваат дома заради големиот број ограничувања наметнати од оваа алпска земја. Австрискиот канцелар Себастијан Курц пред два дена го повика населението издржи во оваа состојба и да се придржуваат кон спроведување на строгите мерки воведени во понеделникот од владата.
И покрај драстичните мерки, бројот на пациенти во Австрија се зголемува за 25 проценти секој ден. И натаму како жариште на заразата е во алпската провинција Тирол.
Како резултат на тоа, Австријците од петок воведуваат нови строги мерки на своите граници со Германија, Италија, Швајцарија, Лихтенштајн, Унгарија и Словенија, потврди Министерството за здравство на земјата. Границите остануваат отворени само со Чешката Република и Словачка во Шенген-зоната.
Зголемените гранични контроли го зголемија сообраќајот на некои премини со Германија, при што големи колони се создадоа во четвртокот на границата со Унгарија, откако премиерот Виктор Орбан воведе забрана за патување.
Најмногу се погодени Србите, Романците и Бугарите, од кои некои се негуватели на постари Австријци, изјави министерот Карл Нехамер.
Австрија го намали јавниот превоз за 90 проценти и приватниот сообраќај за 45 проценти, велат тие. Железничките линии кон Швајцарија се откажани, а возовите кон Германија ги превезуваат само германците, објави железничката компанија „ОББ“.
Исто така, има нешто позитивно кај Австријците, а тоа е дека тие имаат една од најниските стапки на смртност кај старите лица меѓу европските земји. Луѓето на возраст меѓу 45 и 55 години се најмногу погодени од коронавирусот, по што следат оние меѓу 25 и 45 години, а во најмала бројка најризичната група – оние над 65 години.
На околу 90 проценти од заразените не им треба хоспитализација, што е исто така добар показател за Австријците.