БРНАБИЌ ВЛЕЗЕ ВО КОСОВО СО ФЛАСТЕРЧЕ НА РЕГИСТРАЦИЈАТА Српската премиерка морала да ги прикрие српските ознаки на возилото (ВИДЕО)

Поради тоа што преговарачите на Србија и Косово не постигнаа договор за трајно решение за регистарските таблички за возилата од Србија и Косово, режимот на налепници сѐ уште важи.

1,216

По цели 5 години на позиција премиер на Србија, Ана Брнабиќ денеска конечно го посети Косово.

Нејзиното присуство на косовска територија предизвика големо внимание во регионот, а особено интересно беше тоа што и самата Брнабиќ, како и сите српски државјани кои влегуваат во Косово со автомобил, морала да ги прикрие српските ознаки на регистарските таблички, пренесуваат српските медиуми.






На интернет се појавија и снимки од пристигнувањето на Брнабиќ и нејзината придружба, во која имаше голем број службени возила, а сите возила беа со регистарски таблички на кои државните симболи се покриени со налепници.

Поради тоа што преговарачите на Србија и Косово не постигнаа договор за трајно решение за регистарските таблички за возилата од Србија и Косово, режимот на налепници сѐ уште важи. Тоа значи дека возачите на нивните автомобили, од двете страни, лепат државни симболи на регистарските таблички, што мораше да го направи и премиерката Брнабиќ и нејзината придружба.

Поврзани содржини