Сопругата на францускиот претседател Емануел Макрон, Брижит Макрон, ќе биде во самоизолација седум дена откако беше во контакт со лице заразено со ковид-19, соопштија од Кабиентот на Макрон.
Како што се наведува, Брижит Макрон била во контакт во четвртокот, на 15 октомври, со лице кое денеска имало позитивен тест за ковид-19 и има симптоми на таа инфекција.
– Во согласност со препораките на здравствените власти, таа ќе биде во самоизолација седум дена. Брижит Макрон нема симптоми на болеста во оваа фаза – се вели во соопштението.