БРИТНИ СПИРС ТВРДИ ДЕКА ГО СМЕНИЛА ИМЕТО Еве како се вика сега (ВИДЕО)
Пејачката Бритни Спирс сподели со своите следбеници на Инстаграм дека го сменила името во Ривер Ред.
Пејачката Бритни Спирс сподели со своите следбеници на Инстаграм дека го сменила името во Ривер Ред.
View this post on Instagram
Бритни (41) објави видео на кое изгледа неверојатно во минијатурен горен дел (топ) на кој пишува Кока-Кола и соодветно мини здолниште додека танцува на песните на Џастин Бибер.
Малку подоцна пејачката објави фотографија од планетата Марс, па напиша дека го сменила името.
View this post on Instagram
„Низ тоа гледам сѐ… течно е и влажно… разигран е и има маса. Го сменив моето име во Ривер Ред! А сепак, огнот е таму каде што свети… да се загледам во него и да скокнам без никаков страв“, напиша таа во објавата.
Таа сега и на Инстаграм се вика Ривер Ред, а пребарувањето на Бритни Спирс покажува стар профил со новиот „прекар“.
Бритни доживеа вознемирувачка психичка епизода откако таа и нејзиниот 28-годишен сопруг Сем Ашгари пристигнаа на вечера со нивниот телохранител.
ФОТО: Инстаграм