Британската амбасада донира ракавици и пумпи за дезинфекција за АРМ

399

Британската Амбасада во земјава денеска донираше опрема за Армијата за поддршка за нивното справување со ситуацијата со коронавирусот.

Британската Амбасада на својот официјален Твитер профил објави дека е важно да се остане заедно во овие времиња на предизвици.






„Државниот секретар Николиќ ја прими британската донација од заштитни ракавици и повеќе видови пумпи на висок притисок и рачни пумпи за дезинфекција. Армијата се грижи за граѓаните, ние се грижиме за безбедноста и заштитата на нашите војници“, објави Министерството за одбрана на Фејсбук.

Министерката за одбрана Радмила Шекеринска и британската амбасадорка Речјел Галовеј претходно разговараа преку конференциска врска за најновите информации во врска со коронавирусот во земјава, како и за идната соработка во одбраната.

„Одржавме виртуелен состанок со министерката за одбрана Шекеринска денеска за да разговараме за најновите информации за ситуацијата со коронавирусот во Северна Македонија и за идната соработка во одбраната. Задоволство ми беше да слушнам за напорите на Армијата кои работат со клучните институции во борбата против ковид-19“, напиша на Твитер британската амбасадорка во земјава, Рејчел Галовеј.

Поврзани содржини