Британците збеснаа од интервјуто на Меган и Хари – немаат гледано интервју на Заев на англиски, затоа им е така!

3,275

– Шо доби за осми?

– Полициски час…






***

Кажете му на тој со кучето шо го апсеа лани дека од утре од 22 има полициски час.

***

Нас шо ни почнуваат турските серии во осум исто ни е за полицискиот час.

***

Никои немате појма оти полицискиот час е од 22 до 5. Па зато не сте министри за здравство бе лузери.

***

„Британците збеснаа за интервјуто на Хари и Меган”

Британците немаат гледано интервју на Заев на англиски, зато им е така.

***

Ефтов да ги интервјуираше Меган и Хари досега ќе се распаднеше Велика Британија.

***

„Во Арачиново собрани 0 денари данок на имот”

Државата да поможи кутрите луѓе да добијат дом, да не се под ведро небо!

***

„Растурена свадба во Тетово”

Додека инспекцијата не нѐ раздели…

***

Овие 3000 вакцини се ко тестерите од Авон шо ги дава Маре нокти… Пробај малку ако те бендиса ќе си нарачаш.

***

Малку е познато дека В во руската вакцина Спутник В означува ваксајнс.

***

Чим Заев му нуди брак на вмро, изгледа сме при крај со индискава серија…

(ФБ статуси на авторот)

Поврзани содржини