Бремените и хронично болни од утре не одат на работа, сестрите и лекарите да не патуваат во странство

Ситуацијата е непредвидлива и не се знае кога опасноста од вирусот ќе премине од среден во висок  ризик, а медицинскиот персонал е неопходен.

1,055

Бремените и хронично болни лица од утре да не одат на работа поради опасноста од ширење на коронавирусот. Ова е една од мерките на Комсијата за заразни болести која објави и листа на болестите, врз основа на кои тие треба да се ослободат а тоа се хроничните респираторни, тешки срцеви заболувања, дијабетес и малигни заболувања, како и други имунокомпромитирачки заболувања поради кои овие вработени не треба да одат на работа. Да се придржуваат до препораките, нагласи на денешната прес-конференција министерот за здравство, Венко Филипче.

Уште вчера епидемиолозите препорачаа овие лица да го намалат движењето и да не користат јавен  превоз.






Филипче додаде дека Комисијата за заразни болести препорачала во следните 2 недели здравствените работници да ги откажат и сите приватни патувања.

– Ситуацијата е непредвидлива и не се знае кога опасноста од вирусот ќе премине од среден во висок  ризик, а овој персонал е неопходен. Се обезбедија средства за набавка на тестови – ги има доволно, ама ќе надополниме резерва и добро е што има од каде. Истото важи и за другата опрема, за набавка на респираторни машини и мобилни РТГ-апарати. А капацитетот на Инфективна е засега доволен, има план кои одделенија би се трансформирале во изолациони, ако има поголем број пациенти. Приватните болници немаат инфективни одделенија – рече Филипче.

 

 

Поврзани содржини