Брат херој! Шестгодишно момче ја спаси сестричката од напад на кучиња, доби поддршка од славните ВИДЕО
Веста за шестгодишното момче кое ја спаси својата помлада сестра од бесно куче го обиколи светот, а на тоа реагираше и актерот Крис Еванс.
Шестгодишниот Бриџер Вокер од американската држава Вајоминг го ризикуваше животот за да ја спаси својата помлада сестра од бесни кучиња.
Кога едно од кучињата ја нападнало сестричката на 9 јули, малото дете храбро се спротиставило, а кучето го гризнало по лицето и главата. И покрај повредите, Бриџер успеал да ја зграпчи раката на својата сестричка и да избега со неа на безбедно.
Неговата тетка Ники Вокер на социјалните мрежи напиша дека добил 90 шевови по болничката интервенција на лицето и главата.
„Мојот внук е херој кој ја спаси својата сестричка да не биде нападната од куче. Тој самиот е каснат за кучето да не стигне до неговата сестра“, опиша таа.
– Ако некој требаше да умре, мислев дека треба да сум јас – изјавил храбриот Бриџер.
Бриџер веднаш бил однесен во болница. Тој во моментов е дома и веќе има насмевка на лицето.
„Другар, ти си херој. Тоа што ти го направи е толку е храбро, толку несебично – сестра ти е среќна што ти си ѝ постар брат. Твоите родители сигурно многу се гордеат со тебе“, вели холивудскиот актер Еванс во пораката до шестгодишниот Бриџер.
Крис Еванс му вети дека ќе му прати автентичен Капетан Америка штит како подарок за неговиот херојски подвиг.
ФОТО: Инстаграм