Бранејќи се од коронавирусот, куртуливме барем од сезонскиот грип

Се смета дека причината на драстичното намалување на сезонскиот грип, 73,2 отсто во споредба со ланската сезона, се мерките на ограничувања и претпазливост што се преземаат во екот на пандемијата од ковид-19.

839

Само 433 случаи на заболени од сезонски грип регистрира Министерството за здравство во сезоната 2020/2021 година. Toa e големо намалување од 73,2 отсто, во споредба со истиот период лани и 86,3 отсто помалку во однос на типичната сезонска крива, информира ресорот.

Во земјава досега се вакцинирани 48.406 лица против сезонски грип. Од нив, 37.870 лица се вакцинирани со бесплатна вакцина, додека пак 10.536 лица се вакцинирани со комерцијалните вакцини.






Сепак, се смета дека причината на драстичното намалување на сезонскиот грип се мерките на ограничувања и претпазливост што се преземаат во екот на пандемијата од ковид-19.

Сепак, опасноста не е помината, за што сведочи фактот дека во втората недела од 2021 година се пријавени се 36 случаи на заболени од грип или заболувања слични на грип, со што се бележи зголемување од 18 случаи во однос на истата недела во 2020 година.

Најголемиот број на заболени во целиот период се од возрасната група која опфаќа најголем дел од населението од 15 до 64 години (190 случаи), а највисоката инциденца се регистрира кај децата на возраст до 4 години.

Вакцинацијата против сезонски грип сепак е најефикасната заштита од ова заболување, велат од Министерството за здравство.

 

Поврзани содржини