БРАКО НА САЕМ ВО КАЛИФОРНИЈА Возилата за одржување хигиена барани на пазарот во САД

Возилата веќе се набавени од повеќе градови во Калифорнија, како Сан Франциско, Лос Анџелес, Сан Диего, Сакраменто, Сан Маркос, Сан Бруно и други, а нарачки пристигнуваат и од други градови низ САД.

100

Возилата на Брако за одржување хигиена во урбани средини се претставуваат на саем во Калифорнија во рамки на Конференцијата за градски управи, која се одржува од 8 до 10 февруари во градот Карлсбад.

Оваа конференција редовно ги снабдува со современи и неопходни информации членовите на раководствата на градовите и обезбедува широк ранг на новини и податоци кои го помагаат менаџирањето на градските средини.






Возилата на Брако се пласираат на американскиот пазар преку фирмата-ќерка на Брако во Калифорнија и саемот е можност за ново организирано претставување пред градските власти во тој дел на САД.

Возилата веќе се набавени од повеќе градови во Калифорнија, како Сан Франциско, Лос Анџелес, Сан Диего, Сакраменто, Сан Маркос, Сан Бруно и други, а нарачки пристигнуваат и од други градови низ САД.

Поврзани содржини