БРАКО ИНВЕСТИРАШЕ 300.000 ЕВРА ВО МОДЕРНА ХАЛА Тука ќе се изведуваат заварувачките работи (ФОТО)

Реновирањето на халата, која е со површина од над 2.400 метри квадратни траеше над 2 месеци, а како дел од модернизацијата поставена е и фотоволтаична електрична централа на кровот на објектот.

2,249

Пуштена е во употреба целосно реновираната хала за заварување во БРАКО, инвестиција од околу 300.000 евра, со што продолжува модернизацијата на производствените погони во фабриката, соопшти компанијата.

Реновирањето на халата, која е со површина од над 2.400 метри квадратни траеше над 2 месеци, а како дел од модернизацијата поставена е и фотоволтаична електрична централа на кровот на објектот.






Целиот простор е уреден во согласност со ISO45001 стандардот за безбедност и заштита при работа.

– Халата за заварување сега е практично нов објект.  Со ваквите инфраструктурните проекти значајно се подобруваат условите за работа и се зголемува задоволството на вработените, со што се зголемува ефикасноста во работењето – велат инженерите Дамјан Цветковски и Благој Филџанов кои беа задолжени за реализација на проектот.

БРАКО продолжува со инвестициите во модернизација на производните процеси, во тек се уште неколку инфраструктурни проекти, од кои најзначаен е изградбата на новата хала за производство на возилата за одржување на хигиена, со вкупна површина од 4.500 метри квадратни и вредност од околу 2,5 милиони евра.

Поврзани содржини