„БОЖЕ, ЧУВАЈ ИМ ГО ПАМЕТОТ“ Билал Касами се мајтапи со симулациската седница што ја водеше Али Ахмети

„Касами изјави дека треба да му се молиме на Бога и за противниците, нагласувајќи Бог да им го чува паметот, бидејќи власта доаѓа и си заминува, додека умот е нешто најскапо“, објави информативната агенција на албански јазик Илирија-ИНА.

1,962

Лидерот на Движењето Беса Билал Касами синоќа на собирот на албанската опозициска коалиција „Вреди“ во Струга иронизираше со „импровизираната седница“ на Европскиот фронт, на која „Али Ахмети е избран како премиер, Зијадин Села како претседател на Собранието, а Бујар Османи како претседател на државата“.

Информативната агенција на албански јазик Илирија-ИНА објави вест:

„Касами изјави дека треба да му се молиме на Бога и за противниците, нагласувајќи Бог да им го чува паметот, бидејќи власта доаѓа и си заминува, додека умот е нешто најскапо“.

Инаку, вчера во Собранието на Македонија, ДУИ импровизирала дека божем „се одржува седница на новиот состав на Законодавниот дом по парламентарните избори“.

Симулативната „седница на Собранието“ ја отворил претседателот на ДУИ Али Ахмети, кој „бил избран и како нов албански премиер“, а Зијадин Села како „претседател на Собранието“.

Откако „биле предложени уставните амандмани“, „Бугарите влегле во Уставот преку негова измена со гласање на 120 пратеници“.

Откако „бил избран и прв албански претседател на државата“, Бујар Османи ја „прочитал и својата свечена декларација“.

📷 КАКО МАЛИ ЃОКИЦА ОД ДУИ ГО ЗАМИСЛУВА ДЕНОТ ПО ИЗБОРИТЕ? Сите функции за Албанци, Стево и Таче ни градинари нема да бидат!

Поврзани содржини