Борисов: Подготвени сме да ги продолжиме разговорите, со притисок и лобирање не може да се смени позицијата на Бугарија

Нашата позиција не е позиција на тврдоглавост, тврди бугарскиот премиер Бојко Борисов.

4,338

Подготвени сме да ги продолжиме разговорите. Бугарија најмногу сакаше нашите соседи од Република Северна Македонија, како и нашите пријатели од целиот Западен Балкан, да влезат во ЕУ. Нашата позиција не е позиција на тврдоглавост.

Ова го изјавил премиерот Бојко Борисов за време на денешниот состанок на владата во Софија, пренесува агенцијата БГНЕС.






Премиерот Бојко Борисов изрази жалење што властите во Скопје не покажале посветеност, сметајќи дека со притисок и лобирање може да ја натераат Бугарија да ја смени својата позиција.

Поврзани содржини