Бугарскиот премиер Бојко Борисов објави видео на својот Фејсбук профил на кое тој го вози својот автомобил и праќа порака до сите што протестираат против неговата влада.
– Кој сака, нека протестира, Но, дали е демократски на ваков начин да се нарушуваат нечии права? Дали е во ред да се напаѓаат и да се провоцираат полицајците? Нека има протести, но да не се затвораат крстосници, да не се попречува нормалниот живот на луѓето – вели Борисов.
Тој на крајот порачува дека изборите ќе бидат демократскиот начин на смирување на состојбата.
– В гогодина има избори. Кој ќе победи, тој ќе ја води државата. Ете, тоа е демократија – заклучува тој.
Во Софија и останатите поголеми градови низ Бугарија веќе повеќе недели се одржуваат протести на кои се бара оставка од владата на Борисов, како и државниот јавен обвинител Иван Гешев.