БОНУС ОД 50 ШВАЈЦАРСКИ ФРАНЦИ АКО УБЕДИТЕ ПРИЈАТЕЛ ДА СЕ ВАКЦИНИРА Швајцарија ја стимулира имунизацијата

Секој може да помогне така што ќе убеди пријател, сосед, колега или член од семејството за добробитот од вакцинацијата, објавила Владата.

988

Швајцарија нуди подарок-купон на тие кои ќе убедат некого да се вакцинира против ковид-19, објавила денеска Владата.

Секој кој ќе се вакцинира ќе може да посочи едно лице кое го убедило на тоа, а тој пак, ќе добие подарок-купон во вредност од 50 швајцарски франци.






Локалните власти ќе одлучат каде купонот ќе може да се искористи, на пример во кино или во ресторан.

– Секој може да помогне така што ќе убеди пријател, сосед, колега или член од семејството за добробитот од вакцинацијата – објавила Владата.

Од таму велат дека таквата соработка на граѓаните треба да се награди.

Швајцарија има една од најниските стапки на вакцинирани граѓани во западна Европа. Целосно се вакцинирани 58 отсто од вкупно 8, 7 милиони жители.

Швајцарија досега примила 11,9 милиони дози, а искористила 10,4 милиони.

Поврзани содржини