📽 📷 БОМБАРДИРАН БЕГАЛСКИ КАМП ВО ГАЗА Најмалку 50 загинати, стравични сцени под урнатините

Експлозијата била предизвикана од израелски воздушен напад, обвини Хамас.

336

Израелските сили го бомбардираа бегалскиот камп Џабалија во северниот дел на Газа, обвини Хамас. Министерството за здравство управувано од Хамас и директорот на блиската индонезиска болница соопштија дека во нападот загинале најмалку 50 луѓе.

Министерството соопшти дека експлозијата била предизвикана од израелски воздушен напад.






Лекар од болницата во Газа изјави за Sky News дека има околу 400 жртви по бомбардирањето на бегалскиот камп Џабалија во северниот дел на регионот.

Израелската армија сѐ уште не ја коментираше експлозијата во бегалскиот камп Џабалија.

Фотографиите направени од местото на настанот од фотограф на Ројтерс покажуваат ужасни сцени, згради срамнети со земја и тела кои се извлекуваат од урнатините.

Поврзани содржини