Институтот за белодробни заболувања – Детската болница Козле ќе почне да прима пациенти заразени со корона вирус.
Децата кои сега се сместени таму ќе бидат преместени на Детската клиника. Болницата има 60 места за возрасни заразени со kовид 19 и 15 за деца. Болницата ќе стане Ковид 2 центар.
Во болницата ќе дојдат и лекари и сестри од другите градови и од Инфективната клиника.
Во Козлеќе се сместуваат пациенти со полесна и средна клиничка слика .
Обновено
Во тек се последните подготовки за ставање во функција на детската болница Козле за прием на ковид-19 позитивни пациенти. На располагање ќе бидат 60 места за болничко лекување на возрасни и 15 за деца сомнителни и заразени од ковид-19. Предвидено е во оваа болница да се носат пациенти со полесна и средна клиничка слика, информира Министерството за здравство.
Болницата се доекипира со интернистички и инфектолошки тимови, лекари и сестри, кои ќе дојдат и од Инфективна клиника и од внатрешноста.
-Уште од почетокот на епидемијата во нашата земја болницата на Институтот за белодробни заболувања кај децата – Козле беше дедицирана за третман на сомнителни и заболени деца од ковид 19. Во моментот во Болницата се сместени 3 дечиња сомнителни за ковид-19, чии резултати од тестови се чекаат. Од утре Болницата ќе врши прием и на возрасни пациенти заболени од ковид-19, соопшти Министерството.
Освен на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби, болницата „8-ми Септември“ која функционира како Ковид центар, сомнителни и заболени пациенти од ковид-19 се лекуваат и во болниците во Куманово, Тетово, Штип, Велес, Прилеп, Битола, Охрид. Веќе од утре целосно се вклучува детската болница Козле, а се подготвува и Ковид центар во Кавадарци.