Болеста е непредвидлива, ја напаѓа и крвта, а страдаат и сите други органи, вели Филипче
Така е секаде - смртноста изнесува 90, дури и 97 отсто кај тешките форми на болеста - изјави министерот за здравство Венко Филипче,
Болеста има непредвидлив тек, освен белите дробови ги напаѓа и сите други системи – ја напаѓа крвта, а страдаат и сите други органи. Анализиравме резултати и литература зошто е така, а консултиравме и други болници во светот. Така е секаде – смртноста изнесува 90, дури и 97 отсто кај тешките форми на болеста – изјави министерот за здравство Венко Филипче, одговарајќи зошто кај нас досега никој кој бил ставен на апарат за дишење не се извлекол и зошто се јавуваат толку тешки форми на болеста.
Речиси половина од заболените кај нас под 50 години немале други хронични болести, според податоците. .
Во однос на снабденоста со опрема, Филипче додаде дека Државниот санитарен инспекторат бил на увид и има извештај за тоа како се користи во одредени делови и оддели на болници, според препораки и стандарди.
А во Министерството за здравство, има сосема доволно медицинска опрема и резерви од истата – рече министерот.
Бројот на заразени здравствени работници досега е 122, а 7 се излекувани.
По првиот случај на починат во затворот во Шутка во минатата недела, нема нови заразени со вирусот во оваа установа.
– Интензивно се работеше во затворот во Шутка деновиве, имаше клинички прегледи од лекарите од Здравствениот дом Скопје. На сите луѓе што се сместени во блоковите каде беше сместено лицето кое почина и интензивно им се земаа материјали. Имаше проверка и дадени се насоки од епидемиолозите за вработените, согласно информациите на контактите на лицето кој почина – рече министерот Филипче.