БОЛДВИН ДВЕ ГОДИНИ СЕ БОРЕЛ СО ЗАВИСНОСТИ Кој му го наполни пиштолот на снимањето на „Rust“?

„Живеев на „бело“ две години, тоа беше навистина жесток период од мојот живот. Не е лесно да се комуницира со овие насилници, дилери на дрога, секојдневно. Освен тоа, пиев многу. Се срамев да кажам колку сум мизерен, но тогаш бев дете. Незрело дете“, рече тогаш Болдвин.

8,927

Хаос, дрога и алкохол му претходеле на пеколниот инцидент кој се случи на снимањето на филмот Rust (’Рѓа) кога мегапопуларниот глумец Алек Болдвин(68) ја уби директорката на фотографија Халина Хачинс(42), а го рани режисерот Хоел Соузу(48), пишува СрбијаДанас.

Дали тој ќе одговара за убиство пред властите во Ново Мексико зависи од истрагата за тоа што имало во пиштолот и по чија вина бил наполнет, а законот во оваа америчка држава предвидува казна од 18 месеци во вакви случаи.






Болдвин пред неколку години призна дека бил зависник од кокаин, а дека наместо да оди на рехабилитација се ослободил од дрогата и алкохолот играјќи видео-игри по цел ден.

– Живеев на „бело“ две години, тоа беше навистина жесток период од мојот живот. Не е лесно да се комуницира со овие насилници, дилери на дрога, секојдневно. Освен тоа, пиев многу. Се срамев да кажам колку сум мизерен, но тогаш бев дете. Незрело дете – рече тогаш Болдвин.

„Никој никогаш не смее да биде убиен од пиштол на филмски сет“, се огласи за инцидентот и семејството на Брендон Ли, син на познатиот глумец Брус Ли, кој загина на снимањето на филмот „Врана“.

 

Ли им искажа сочувство на фамилиите на Халина Хачинс и на режисерот Соузу.

Истрагата за инцидентот е во тек. Но, може ли актер да одговара за несреќа на снимање?

Кратко видео од сетот кое го објавила Хачинс пред да биде застрелана само што протече по медиумите. Таму се гледа дека се работи за вестерн-филм, пишува Индекс.

Убиство од небрежност, според законот во Ново Мексико каде што се случил инцидентот, се дефинира ако некое лице изврши убиство при извршување на прекршок, или ако лиши живот од друго лице додека извршил законско дело, но не применува соодветни мерки на претпазливост. Тоа е класифицирано како кривично дело од четврти степен и предвидува максимална затворска казна од 18 месеци со можност за условна казна, пишува Мондо.

Поврзани содржини
na