Боксерот Скардино доби „нокаут“ од Ибрахимовиќ

Златан и Леота засега ја немаат официјално потврдено врската, но италијанските медиуми постојано ја пренесуваат информацијата дека двајцата преминале на нешто повеќе од пријателство.

1,458

Преубавата италијанска водителка Дилета Леота неодамна ја прекина љубовната врска со познатиот италијански боксер Даниел Скардино и веднаш му се фрли в прегратки на шведскиот фудбалер Златан Ибрахимовиќ.

Златан и Леота засега ја немаат официјално потврдено врската, но италијанските медиуми постојано ја пренесуваат информацијата дека двајцата преминале на нешто повеќе од пријателство.






Токму ова многу го погодило Скардино, кој за време на интервјуто што го давал за магазинот „Чи“, се расплакал и побарал од Дилета да му се врати.

„Ја сакам. Не сум ја изневерил, а таа е најдоброто нешто кое што животот можеше да ми го донесе. Боксер сум и не клечам на колена, но откако таа ме остави како да сум нокаутиран. Сакам да се врати, подготвен сум повторно да ја освојам“, изјавил тој низ солзи.

Поврзани содржини