БЛАГОДАРНИЦИ ОД ЛЕКАРСКАТА КОМОРА ЗА МЕДИЦИНСКИОТ ТИМ НА „АЏИБАДЕМ СИСТИНА“ Почит за стручноста и за пожртвуваноста при спасувањето на повредените во Кочани
Несебичната ангажираност на 14 доктори од Клиничката болница „Аџибадем Систина“ беше клучна во справувањето со последиците од трагичниот настан.
Во знак на благодарност за исклучителната стручност, пожртвуваност и хуманост што ја покажаа во спасувањето на животите на повредените во пожарот во Кочани, на свеченоста организирана по повод 33-годишнината од постоењето на Лекарската комора, беа доделени благодарници на 14 доктори од Клиничката болница „Аџибадем Систина“.
Нивната несебична ангажираност беше клучна во справувањето со последиците од трагичниот настан и уште еднаш го потврдија своето залагање за здравјето и животот на пациентите. Благодарници добија: проф. д-р Боро Џонов, специјалист по пластична и реконструктивна хирургија, прим. м-р Илија Мостров, специјалист по пластична и реконструктивна хирургија, д-р Мирјана Нацка, специјалист по пластична и реконструктивна хирургија, проф. д-р Игор Кафтанџиев, медицински директор, д-р Никола Шиков, специјалист по анестезиологија со реаниматологија, д-р Панде Чукалевски, специјалист по анестезиологија со реаниматологија, д-р мед. науки Ивица Димитров, специјалист по анестезиологија со интензивно лекување, доц. д-р Дарко Саздов, специјалист по анестезиологија и интензивно лекување, д-р мед. науки Јасна Бушиноска, специјалист по анестезиологија со интензивно лекување, д-р Наталија Георгиевска, специјалист по анестезиологија со реаниматологија, д-р Оливер Јовковски, специјалист по пулмологија, д-р Оливера Димова, специјалист по психијатрија, д-р Биљана Ќурчиќ, специјалист по микробиологија, прим. м-р Билјана Какараскоска Боцеска, специјалист по микробиологија.
Лекарската комора одбележа 33 години од постоењето како самостојна и професионална организација на сите доктори на медицина во нашата земја на свеченоста организирана во Велес, во присуство на претставници на државни институции, претставници на органите и телата на Комората, како и доктори од целата држава.