Бизарно откритие! Сладоледот ќе се прави од пластичен отпад (ВИДЕО)
Ванилин, соединение кое носи поголем дел од мирисот и вкусот на ванила, може природно да се извлече од зрна ванила или да се направи синтетички. Околу 85% од ванилинот во моментов е направен од хемикалии земени од фосилни горива.
Во иднина, вашиот сладолед од ванила ќе се прави од пластични шишиња.
Научниците пронајдоа начин да го претворат пластичниот отпад во вкус на ванила со помош на генетски модифицирани бактерии, покажува најновото истражување.
Ванилин, соединение кое носи поголем дел од мирисот и вкусот на ванила, може природно да се извлече од зрна ванила или да се направи синтетички. Околу 85% од ванилинот во моментов е направен од хемикалии земени од фосилни горива.
– Загреаваат сад со киселина и микроби, по што 79 проценти од киселината ќе се претвори во ванилин.
Употреба на ванилин во прехранбената индустрија
Ванилин се наоѓа во широк спектар на храна, козметика, фармацевтски производи, производи за чистење и хербициди, а побарувачката „рапидно расте“, напишале авторите на студијата. Во 2018 година, глобалната побарувачка за ванилин беше околу 40.800 тони, а побарувачката се очекува да се зголеми на 65.000 тони до 2025 година, според студијата објавена на 10 јуни во списанието „Green Chemistry“.
Побарувачка за ванилин
Побарувачката за ванилин „далеку го надминува“ снабдувањето со зрна ванила, па научниците прибегнаа кон производство на синтетички ванилин. Во новата студија, истражувачите користеа нов метод за претворање на пластичен отпад во ванилин, како начин за снабдување со ванилин и намалување на загадувањето.
– Решение за голем светски проблем!
Истражувањата покажаа како пластичните шишиња изработени од полиетилен терефталат (ПЕТ) можат да се распаѓаат за да произведат терафтална киселина. Во новата студија, двајца истражувачи од Универзитетот во Единбург во Шкотска успеале генетски да ја претворат терафталичната киселина во ванилин, користејќи генетски модифицирана бактерија – Ешерихија коли.
– Користејќи ја бактеријата Ешерихија коли, научниците успеаја да претворат околу 79% од терафталенот во ванилин.
Еколошка криза
– Глобалната криза со пластичен отпад сега е препознаена како едно од најгорливите еколошки проблеми со кои се соочува нашата планета – напишаа авторите на студијата. Околу 1 милион пластични шишиња се продаваат секоја минута низ целиот свет, а само 14% се рециклираат.
Пластиката што може да се рециклира може да се претвори во влакна само за облека или теписи.
– Нашата работа ја предизвикува перцепцијата на пластиката како проблематичен отпад и наместо тоа ја демонстрира неговата употреба како нов ресурс на јаглерод од кој може да се произведуваат производи со висока вредност – рече коавторот Стефан Валас, виш предавач по биотехнологија на Универзитетот во Единбург.
Сега авторите на студијата се надеваат дека дополнително ќе ги подобрат бактериите за да можат да претворат уште повеќе терафтална киселина во ванилин.