БИТКАТА СО КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ Е ТЕШКА И СКАПА Потребни се пет трилиони долари годишно

Научниците предупредуваат дека трансформацијата на економијата е премногу бавна за да ги исполни меѓународните цели за ограничување на порастот на температурите.

284

Во студијата на пет еколошки тинк-тенкови се наведува дека средствата потрошени за борба против климатските промени мора да се зголемат до пет трилиони долари годишно до 2030 година.

Научниците предупредуваат дека трансформацијата на економијата е премногу бавна за да ги исполни меѓународните цели за ограничување на порастот на температурите.






– Од транспортот, преку земјоделството до изворите на електрична енергија, постигнат е премал напредок за да се ограничи порастот на температурата до 1,5 степени Целзиусови во однос на прединдустрискиот период и со тоа да се ограничат најлошите ефекти од климатските промени – се наведува во студијата.

Според експертите ниту еден од 40-те проценети индикатори не е во согласност со целите на Парискиот договор за климата за намалување на просечниот пораст на температурата под два Целзиусови степени, а идеално е од 1,5 Целзиусови степени во споредба со прединдустрискиот период.

Во студијата се наведува дека 25 показатели не се на задоволително ниво, вклучувајќи ја и употребата на помалку јаглен за производство на електрична енергија.

– Иако има некои охрабрувачки знаци за напредок во неколку сектори, вкупните глобални напори за ублажување на климатските промени остануваат ужасно слаби – изјави една од авторките на студијата Софи Боем, членка на американскиот Светски институт за ресурси (World Resources Institute).

Таа додаде дека резултатите даваат јасна слика за тоа каква акција е потребна против климатските промени пред климатскиот самит на Обединети нации ЦОП 26 во Глазгов, што почнува в недела.

Светските лидери на Самитот ЦОП26 и пошироко треба да ги засилат климатските амбиции и веднаш да дејствуваат, посочи Боем.

Во два извештаи на ОН, објавени неделава, се предупредува дека светот е далеку од ограничен пораст на температурата и дека со сегашните мерки, како и оти глобалните температури ќе се зголемат за 2,7 степени овој век во споредба со прединдустрискиот период.

Поврзани содржини
na