БИТИЌИ ДА КАЖЕ КОИ КЛАСИФИЦИРАНИ ИНФОРМАЦИИ МУ СЕ УКРАДЕНИ Манасиевски прашува како тие се нашле кај него дома

Манасиевски го повика Јавното обвинителство да поведе постапка против Битиќи.

310

ВМРО-ДПМНЕ ги повика Фатмир Битиќи и СДСМ да кажат кои се тие класифицирани информации кои му се украдени на Битиќи и како се нашле во негов посед.

Битиќи во изјава за медиуми во врска со грабежот во неговиот дом кажа дека му е одземена папка со класифицирани документи.






– Дали станува збор за највисоки државни тајни, и како и зошто ги чувал во својот дом? Државните функционери немаат право да ги изнесуваат државните тајни и класифицирани документи од институциите во кои тие се наоѓаат и каде се заштитени. СДСМ да каже дали изнесувањето на класифицирани информации од институциите со кои управувале е партиска пракса и насока? И СДСМ и Фатмир Битиќи веднаш да ги известат органите за каков вид документи станува збор. А граѓаните дали со кражбата на тие документи е загрозена Македонија – рече Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ.

Тој го повика Јавното обвинителство да поведе постапка против Битиќи.

 

Поврзани содржини