Тинејџерската ѕвезда Били Ајлиш (18) ја почнала турнејата со концерт во Мајами, а пред да почне настапот, на големите видеоѕидови беше пуштена снимка на која таа се соблекува и вели:
„Некои мразат како се облекувам, на некои им се допаѓа. Ако носам нешто комфорно, тогаш не сум жена, ако се соблечам, тогаш сум ку*ва“.
Со овој потег, добитничката на пет Греми награди за 2019 година ги предизвика сите оние што го коментираат нејзиното тело.
Ајлиш, која често се облекува во широка облека, бидејќи не сака да се разговара за нејзиниот изглед, наведува дека истите тие медиуми се чувствуваат повикани да го коментираат нејзиното тело, иако никогаш не го виделе.