БИЛА УСПЕШНА МАНЕКЕНКА, ГО ОДБИЛА ПРИНЦОТ ЕНДРУ Денес е најмоќната жена во фудбалот (ФОТО)
Јавноста особено ја запамети поради врската со принцот Ендру, синот на британската кралица Елизабета Втора.
Кога пред неколку дена, инвестициски фонд од Саудиска Арабија, предводен од принцот Мохамед бин Салман, ја презеде сопственоста на клубот „Њукасл Јунајтед“, во прв план излезе името на Аманда Стевелеј (48), британска претприемачка која помогна да дојде до продажбата на клубот и чија агенција „PCP Capital Partners“ ќе поседува 10 осто од акциите на клубот.
Аманда, исто така, пред 12 години му помогнала и на шеикот Мансоур бин Зајед Ал Нахјан да го купи „Манчестер Сити“, а денес оваа успешна жена важи за една од највлијателните жени во англискиот фудбал.
View this post on Instagram
Исто така, на почетокот на 2000 година го основала Q.ton – теретана, ресторан и конференциски центар во вредност од повеќе од 10 милиони фунти, пренесува „Сан“.
Интересно е што таа се занимавала со манекенство и во тој период имала руса коса, а јавноста особено ја запамети поради врската со принцот Ендру, синот на британската кралица Елизабета Втора. Медиумите објавија дека се запознале во 2001 година и дека таа не ја прифатила понудата да се омажи за него.
На Аманда ѝ беше дијагностицирана Хантингтонова болест во 2013 година – наследно нарушување во кое нервните клетки во мозокот умираат со текот на времето. Некои од симптомите се движења што не можат да се контролираат, како и проблеми со говорот и со одењето. Исто така, кога дознала дека е болна, прво го известила својот сопруг Мехрдад Годуси, со кого е во брак од 2011 година.
View this post on Instagram
ФОТО: Инстаграм