БИЛ КОЗБИ ТРЕБА ДА Ѝ ПЛАТИ 19 МИЛИОНИ ДОЛАРИ НА ПОРАНЕШНА КЕЛНЕРКА Комичарот сексуално ја нападнал жената во 1972 година
Калифорниската порота му наложила на поранешниот комичар и актер Бил Козби да ѝ исплати 19,25 милиони долари отштета на поранешната келнерка која го обвини дека ја дрогирал и сексуално ја нападнал пред повеќе од пет децении.
Во граѓанската тужба решена во Санта Моника, поротата го прогласи поранешниот комичар и актер Бил Козби (88), за одговорен за инцидент од 1972 година во кој била вклучена Дона Мотсингер, сега 84-годишна.
Калифорниската порота му наложила на Козби да ѝ исплати 19,25 милиони долари отштета на поранешната келнерка која го обвини дека ја дрогирал и сексуално ја нападнал пред повеќе од пет децении.
Мотсингер му рече на судот дека Козби ја зел во лимузина и ѝ дал вино и апче за кое верувала дека е аспирин пред да ја однесе на една од неговите претстави.
Според судските поднесоци, таа рекла дека супстанцијата ја онеспособила.
– Следното на што се сеќава е дека постојано губела свест… последното нешто што госпоѓа Мотсингер го памети биле блесоци светлина – се вели во тужбата.
Таа рекла дека подоцна се разбудила дома делумно соблечена и заклучила дека била дрогирана и силувана.
Козби постојано ги негираше обвинувањата, како и слични тврдења изнесени од десетици жени во текот на годините. Неговиот правен тим тврдеше дека Мотсингер „отворено признава дека нема поим што се случило“.
Џенифер Бонжан, адвокатка на Козби, рече дека комичарот ќе поднесе жалба на пресудата.
Мотсингер претходно работела во ресторанот „Тридент“ во Саусалито, популарно место за славни личности во тоа време, каде што, како што рече, првпат го сретнала Козби.
Козби се соочи со обвинувања дека е сериски предатор од приближно над 60 жени.
Жените тврдеа дека тој користел седативи и алкохол за да ги нападне. Станува збор за период од 40 години.
И покрај бројните тужби, Козби не е кривично осуден.
Во 2018 година, тој беше затворен во кривична постапка, но неговата пресуда беше поништена поради техничка грешка во 2021 година.