БИЛ ГЕЈТС ЈА ПОКАЖА НОВАТА ДЕВОЈКА Една година ја држеле врската во дискреција
Пола Херд беше во брак со Марк Херд, поранешниот извршен директор на компанијата за компјутерски софтвер „Оракл“, кој почина во 2019 година.
Основачот на „Мајкрософт“, познатиот милијардер и филантроп Бил Гејтс (67), има нова девојка две години по разводот од сопругата со која има три деца. Новата избраница на Гејтс е Пола Херд, која беше во брак со Марк Херд, поранешниот извршен директор на компанијата за компјутерски софтвер „Оракл“. Марк почина во 2019 година, на 62-годишна возраст, наводно од рак.
Според извори блиски до Гејтс, тој мошне успешно ја криел врската од јавноста. Романсата почнала пред повеќе од една година, двајцата биле неразделни, а неодамна заедно биле на неколку натпревари на Аустралија Опен, а сега нивната врска ја потврди и извор близок до милијардерот.
– Неразделни се. Заедно се повеќе од една година. Пола честопати беше опишувана како мистериозната жена, но нивната врска не е никаква мистерија за блиските пријатели и за семејството – открива изворот за Дејли меил.
Бил и Пола се познаваат подолго време бидејќи имаат некои заеднички пријатели. Пола има две ќерки од бракот со Марк. Не е познато колку точно таа наследи од неговото богатство, кое изнесуваше околу 500 милиони долари. Денес Пола работи како организатор на настани, а исто како и Бил, и таа е филантроп и донатор.
Гејтс има три возрасни деца со неговата поранешна сопруга Мелинда, со која се разведе во 2021 година, по 27 години брак. Се смета дека разводот на Бил и Мелинда е еден од „најскапите“ досега, зашто се семта дека Мелинда добила неколку милијарди долари, иако немале предбрачен договор и точната сума не беше објавена. По разделбата, Мелинда изјави дека не можела повеќе да издржи во тој брак и дека разводот за неа бил многу болен.
Bill Gates has been dating Paula Hurd, the widow of late Oracle co-CEO Mark Hurd, for more than a year, @PageSix reports. pic.twitter.com/HmRCpTGrJ1
— Pop Crave (@PopCrave) February 8, 2023