БИЛЈАНА ВАНКОВСКА ГИ СОБРА ПОТРЕБНИТЕ 10.000 ПОТПИСИ Со тоа станува кандидат за претседател на државата
Ви благодариме за поддршката од над 10.000 потписи, за оваа наша заедничка Борба“, се вели во објавата на Левица.
Билјана Ванковска, кандидатката на Левица за претседател на државата, ги собра потребните 10.000 потписи, објави вечарва партијата на својот профил на Фејсбук.
„Проф. Билјана Ванковска, ќе биде претседателка на Република Македонија! Ви благодариме за поддршката од над 10.000 потписи, за оваа наша заедничка Борба“, се вели во објавата.