📷 БИДИ ЗЕЛЕН, ПОЧИТУВАЈ ЈА ПРИРОДАТА Работилница наменета за младите
Истражувањата покажуваат дека загадувањето на воздухот, водата и земјата негативно влијае на здравјето на луѓето и екосистемите.
Концепт Плус од Скопје започна со имплементирање на проектот „Биди зелен, почитувај ја природата“ чија цел e подигање на свеста за заштита на природата со слоган „Почитувај ја природата, биди зелен” , да едуцира и подигне јавната свест кај младите луѓе за почитување на природата и значењето на заштитата на нашата природа и животна средина.
Овој проект ќе се фокусира на подигнување на свеста кај младите за почитување на природата преку нивно вклучување во креирање креативни дизајни за кампањите и промовирање на дизајните преку социјални медиуми.
Истражувањата покажуваат дека загадувањето на воздухот, водата и земјата негативно влијае на здравјето на луѓето и екосистемите.
Според податоците од Светската здравствена организација, загадениот воздухот предизвикува преку 4.2 милиони смртни случаи годишно. Отпадоците кои се фрлаат во океаните ги загрозуваат морските животни и ги затруднуваат животните во морските екосистеми.
Од друга страна, одржувањето на зелени простори и засадувањето на дрвја помага во намалувањето на емисиите на јаглероден диоксид и влијае на подобрување на квалитетот на воздухот. Почитувањето на природата не само што го одржува балансот во екосистемите, туку и создава благодатни услови за здрав живот и процват на сите форми на живот на земјата.
Загаденоста во Македонија е сериозен проблем, особено во градските области како Скопје, Битола, Тетово, каде што емисиите од возилата, индустријата и домувањето предизвикуваат загадување на воздухот. Младите луѓе често не се свесни за влијанието на своите постапки врз природата и не почитуваат ја околината.
Отпадоците се фрлаат непропорционално, а недостатокот на еколошка свест за заштита на природата дополнително влијае врз загаденоста и неквалитетниот воздух.
Преку имплементација на нашиот проект за подигање на свеста за заштита и почитување на природата добива уште поголема релевантност и значење. Целта не е само да ги мотивираме младите луѓе да се вклучат во активности за заштита на природата, туку и да ги едуцираме за важноста на оваа тема.
– Екстремно е значајно да се работи на подигнување на свеста за заштита на природата и зголемување на свеста особено кај младите за заштита на природата. Преку различни активност во рамките на проектот се надеваме дека ќе влијаеме да се зголеми свеста и да се чува природата – вели Синиша Пекевски од Концепт плус.
Менаџерот на Грин ленд, Ален Адиловиќ, вели дека тие како компанија се грижат за заштита на природата и секогаш поддржуваат активности кои се во насока на зајакнување на свеста за заштита и чување на природата.
Предвидено е проектот да трае до 31 август 2024 година, но Концепт плус ќе продолжи со имплементација и по тој период заради огромната важност на оваа тема за населението. Проектот го спроведува Концепт плус од Скопје, и е финансиски поддржан од Министерство за животна средина и просторно планирање и од колективниот постапувач за управување со масла и отпадни масла, Грин Ленд Груп.