БИДЕТЕ ПОДГОТВЕНИ ЗА ТЕМПЕРАТУРА ОД 40 СТЕПЕНИ Многу топол африкански бран доаѓа во Македонија
Во текот на следната недела во Скопскиот регион температурата ќе се искачува до околу 38/39 степени, вели метеопрогнозерот Славчо Попоски.
Под влијание на топол бран од Африка со умерен до засилен интензитет, во периодот од понеделник 23 јуни до петок 27 јуни во нашата земја ќе имаме многу сушен и топол период со многу високи температури на воздухот, како и многу сонце. Температурите насекаде ќе се искачуваат над 30/35 степени, додека во Повардарието тие ќе се искачат и до околу 40 степени.
За време на погоре споменатиот период во Скопскиот регион температурата ќе се искачува до околу 38/39 степени.
Деталната прогноза на метеопрогнозерот Славчо Попоски на следниот ЛИНК.