„БИ СЕ ШОКИРАЛ, АКО ТРАМП ПРИФАТИ РАСПОРЕДУВАЊЕ НУКЛЕАРНО ОРУЖЈЕ ВО ИСТОЧНА ЕВРОПА“ Венс за барањето на полскиот претседател

Анджеј Дуда ги повика САД да пренесат нуклеарно оружје на полска територија како одвраќање против идната руска агресија, нешто за што тој неодамна разговараше со специјалниот пратеник на американскиот претседател Доналд Трамп за Украина и Русија, Кит Келог.

453

Американскиот потпретседател, Џеј Ди Венс, денеска изјави дека би бил шокиран доколку претседателот Доналд Трамп поддржи распоредување нуклеарно оружје понатаму на истокот на Европа.

Британските медиуми пренесуваат дека Венс одговараше за барањето на полскиот претседател Анджеј Дуда, САД да го префрлат нуклеарното оружје на полска територија како дел од стратегијата за одвраќање од потенцијални идни руски напади.






-Не сум разговарал со претседателот на оваа конкретна тема, но би бил шокиран ако тој го поддржи ширењето на нуклеарното оружје понатаму на исток во Европа – рече Венс за време на гостувањето на Фокс Њуз.

Анджеј Дуда ги повика САД да пренесат нуклеарно оружје на полска територија како одвраќање против идната руска агресија, нешто за што тој неодамна разговараше со специјалниот пратеник на американскиот претседател Доналд Трамп за Украина и Русија, Кит Келог.

-Границите на НАТО се поместија на исток во 1999 година, така што 26 години подоцна, инфраструктурата на НАТО исто така треба да се движи кон исток. За мене тоа е очигледно. Побезбедно би било тоа оружје да биде веќе во земјата -изјави Дуда.

 

Поврзани содржини