БЕЗОС ГИ ВРАЌА ВСЕЛЕНСКИТЕ ТУРИСТИЧКИ ЛЕТОВИ Првиот лет е овој викенд со 6 туристи

Компанијата планира да ги обнови летовите неколку месеци  по лансирањето на ракетата New Shepherd на 19 декември, која имаше задача да спроведе серија експерименти на границата на вселената.

94

Вселенската компанија на милијардерот Џеф Безос, „Блу Оринџ“ (Blue Origin), најави дека ќе ги обнови вселенските  туристичките летови  на 19 мај, откако ги запре операциите на екипажот по несреќата на средината на летот во 2022 година, соопшти компанијата, пренесе Блумберг.

Следниот лет, ќе биде со 7 луѓе, а ракетата ќе биде  лансирана од Западен Тексас. Меѓу најавените патници е и 90-годишниот скулптор Ед Двајт, кој влезе во историјата во 1961 година, кога беше првиот кандидат за црн астронаут во САД, но никогаш не беше избран да се приклучи на вселенска мисија.,






Компанијата планира да ги обнови летовите неколку месеци  по лансирањето на беспилотната ракетата Њу Шепард на 19 декември, која имаше задача да спроведе серија експерименти на границата на вселената.

Пред дефектот во 2022 година, ракетата Њу Шепард имаше шест успешни мисии со повеќе од дваесет патници, вклучувајќи ги Безос, актерот од „Ѕвездени патеки“ Вилијам Шатнер и поранешната ѕвезда на НФЛ и водител на Добро утро Америка, Мајкл Страхан. Во една од мисиите беше и братот на Безос.

Компанијата, која се смета за иден клучен стратешки ривал на SpaceX на Илон Маск, исто така гради џиновска ракета од орбитална класа и има за цел да испрати луѓе на Месечината во текот на оваа деценија, забележува Блумберг.

Поврзани содржини