БЕЗ КАМАТА ЗА СТАРИТЕ ДОЛГОВИ Комунална хигиена со акција за граѓаните

ЈП Комунална хигиена-Скопје им овозможува на граѓаните со заостанати долгови за комунален отпад да ги подмират обврските без камата во период од 20 април до 5 јуни.

36

ЈП Комунална хигиена-Скопје започна акција со која граѓаните ќе можат да ги подмират заостанатите долгови за собирање и транспортирање на комунален отпад без пресметана камата за задоцнето плаќање.

Од претпријатието информираат дека мерката се однесува на корисници кои имаат долг евидентиран на заедничката сметка со ЈП Водовод и канализација-Скопје, како по основ на редовни, така и на тужени сметки.

„Започна акција за отплата без пресметана камата за задоцнето плаќање за сите корисници кои имаат заостанат долг“, соопштуваат од Комунална хигиена.

Можноста за плаќање без камата е временски ограничена и ќе трае од 20 април до 5 јуни 2026 година. Од претпријатието апелираат граѓаните да ја искористат оваа можност за да ги регулираат своите обврски и да избегнат дополнителни трошоци.

Поврзани содржини