ТВ сериите „Schitt’s Creek” i „Succession” се најголемите добитници на доделувањето на наградата Еми, која е оддржана онлајн поради пандемијата на коронавирусот. За разлика од претходните, годинава немаше црвен тепих и сиот гламур кои ја следат оваа манифестација.
Канадскиот „Schitt’s Creek” освои девет награди, и го урна рекордот во бројот на Еми награди за комедија. Серијата е емитувана од 2015 година а годинава е емитувана шестата и последна сезона.
Американската сатирична комедија „Succession” е наградена со главната награда за најдобра драмска серија, а Еми доби и главниот актер Џереми Стронг. Серијата во продкција на ХБО ги освои наградите за најдобро сценарио и режија.
Уште една серија на ХБО „Watchmen”, освои Еми за најдобра мини серија. Станува збор за екранизација на легендарната графичка новела на Алан Мур која се занимава со расизмот во Америка.
Еми добија и ѕвездите на серијата Реџина Кинг и Јахја Абдул Матин II.
Зендаја стана најмладата добитничка на наградата за најдобра актерка во драмата за улогата во „Еуфорија“.
Домаќин на церемонијата во празниот Stejpls центар во Лос Анџелес бил комичарот Џими Кимел, на кој му се придружиле неколку гостувачки презентери, додека повеќето добитници говорите ги оддржале од дома.
Фото: EPA/ EMMY AWARDS / HANDOUT