Бев шокирана кога ја видов Серена гола, па се запрашав – како може?: Поради овие зборови цел свет зборува за тенисерката
Пред осум години, романската тенисерка Алексанра Каданту доживеала една ситуација на Австралија опен која што добро ја памети и денес.
Каданту раскажала дека долго време била под впечаток кој на неа го оставила Серена Вилијамс во соблекувалната на Австралија опен.
– Мојот прв Грен слем во кариерата и првиот спомен на него е моментот кога во соблекувалната првпат ја видов Серена Вилијамс. Ја видов гола, бев шокирана колку е голема. Неверојатно е како изгледа, како воопшто може да се движи и да игра толку голема – открила за локалните медиуми Каданту, како и понатаму да е под истиот впечаток.
На тој Австралија опен Романката била елиминирана веќе во првото коло, додека, пак, Серена изгубила во четвртото коло од Екатерина Макарова.